Заштита на податоци

ПОДАТОЦИ ЗА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА

Оваа изјава на приватност се однесува на приватност на податоците кои што се наоѓаат на интернет страницата www.pbc.mk, кои што се собрани при користење на таа страница и зачувани во базата на податоци на Perfect Body Center.
Perfect Body Center како давател на услугите на интернет страницата www.pbc.mk се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците. Се советуваат крајните корисници да прочитаат се што е наведено на оваа страница за полесно да разберат кои информации ги собира Perfect Body Center и како истите ги користи.

Крајните корисници кои што имаат било какви прашања во врска со Податоци за приватност можат да испратат e-mail на следната адреса:  info@pbc.mk.

Крајните корисници се советуваат внимателно да ја прочитаат оваа изјава на приватност. Со пристапување и користење на нашата интернет страница, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите Податоци за приватност и начинот на примена од страна на pbc.mk интернет страницата. Доколку крајниот корисник не се сложува со овие Податоци за приватност, го упатуваме крајниот корисник да ја напушти, односно да не пристапува и да не ја користи интернет страната  pbc.mk.

Perfect Body Center може да ги промени Податоци за приватност во било кое време со објавување на изменетиот текст во делот “Податоци за приватност „ на интернет страната. Измената стапува на сила веднаш по објавата на интернет страницата  pbc.mk.

Секој Краен корисник самиот е одговорен и должен периодично да ја посетува оваа страница и да ги согледа промените во Податоци за приватност. Продолжување на користењето на оваа интернет страница од страна на крајниот корисник по стапување на сила на измените, подразбира дека крајниот корисник ги потврдува и ги прифаќа сите услови на изменетата во Податоци за приватност. 
Perfect Body Center собира информации кои што го идентификуваат специфичиот краен корисник. Кога крајниот корисник ќе се вклучи во одредени активности на pbc.mk интернет страната, како што се создавање на корисничко име, правење на нарачка за производ или услуга, пополнување на анкети, објавување на коментари, испраќање на повратни информации, Perfect Body Center може да побара од крајниот корисник одредени информации за него како што се име и презиме, адреса (вклучувајќи и поштенски број), е-пошта, телефонски број и датум на раѓање, информации за бројот на кредитната картичка, рокот на истекување, код за авторизација и други поврзани информации. Perfect Body Center или нивниот давател на услуги за диструбуција на производите, исто така може да побара од крајниот корисник увид во неговата лична карта во моментот на испорака на пакетите при превземање на робата.

Вклучување во идентификациски активности и давање на лични податоци е одлука на крајниот корисник. Ако крајниот корисник не ги даде тие задолжителни информации за одредената активност која што ги бара, нема да му биде допуштено вклучување во таква активност.

- Perfect Body Center нема да ги споделува личните податоци на Крајниот корисник со надоверливи страни освен во случаи наведени во следната точка и во ситуација кога тоа го бараат законските прописи.
- Perfect Body Center ќе ги користи личните податоци за испраќање и диструбиција на административни и промотивни пораки на е-пошта, анализа на податоците, обработка на плаќањата со кредитни картички.
- Perfect Body Center може да ги сподели личните податоци на крајниот корисник со давателот на услугата за дистрибуција на производите за исполнување на испорака на пакетот.

- Крајниот корисник има можност да пристапи и да ги промени личните податоци кои што ги користи Perfect Body Center. 
- Крајниот корисник може да промени било кој од своите лични податоци за испраќање како име и презиме, адреса и е-пошта т.е информациите кои што сака да ги надополни.

Како услов за купување на производите, Perfect Body Center бара дозвола од крајниот корисник за испраќање на Административни и Промотивни пораки на е-пошта. Доколку крајниот корисник не сака да добива пораки на е-пошта во било кое време по регистрацијата може да ја одбере опцијата за откажување за добивање на пораки на е-пошта.

Perfect Body Center сериозно ги зема во предвид заштитата на податоците и превземени се различни мерки на претпазливост за да се заштитат личните податоци. Нажалост, ниту еден пренос на податоците преку Интернет или било која бежична мрежа не може да биде 100% сигурен. Како последица од тоа, иако Perfect Body Center спроведува комерцијално разумни мерки за заштита на податоците не може да гарантира заштита на било која информација пренесена на, или од pbc.mk интернет страната т.е не е одговорен за активностите на било која трета страна која ќе ги прими тие информации

Малолетните лица помлади од 18 години не смеат да ја користат интернет страната pbc.mk. Perfect Body Center не собира или задржува информации од било кој што е помлад од 18 години, затоа ниту еден дел од оваа Интернет страница не е дизајниран на начин да привлече лица кои се помлади од 18 години.