100% Whey Protein Complex 1800g

Производител: OLIMP SPORT NUTRITION
Код на продуктот: 3163
Достапност: На залиха

Комплекс на протеини од сурутка со највисок квалитет (30% Протеин Изолат од Сурутка (WPI - CFM®) и 70% Ултра Филтриран Протеин Концентрат од Сурутка (WPC).

3.100,00ден
-+

Постави прашање за овој производ

КОМПЛЕКС НА ПРОТЕИНИ ОД СУРУТКА СО НАЈВИСОК КВАЛИТЕТ !

30% ПРОТЕИН ИЗОЛАТ ОД СУРУТКА (WPI - CFM®) !

70% УЛТРА ФИЛТРИРАН ПРОТЕИН КОНЦЕНТРАТ ОД СУРУТКА (WPC) !

БЕЗ АПСАРТАМ !

БЕЗ ГЛУТЕН !

БЕСКОМПРОМИСЕН КВАЛИТЕТ И НАЈДОБРА ЦЕНА !!!


Што е 100% Whey Protein Complex?

100% Whey Protein Complex е диететски додаток чиј состав е мешавина од комплетни протеини. Користената суровина се карактеризира со висок степен на чистота, а условите и технологијата што се користат во производството на производот овозможиле да се добие високо квалитетен производ со оригинални вкусови. 100% Whey Protein Complex веќе долго време е еден од лидерите меѓу протеинските додатоци во оваа категорија, со најдостапна цена за дадениот квалитет и состојки кои ќе ви овозможат да го постигнете саканиот ефект!


Составот на 100% Whey Protein Complex

Многу луѓе кои се занимаваат со спорт се борат со вечниот проблем во изборот на правилната протеинска фракција, која ќе се покаже како поефикасна со тековната исхрана, планот за тренингот и целта што треба да се постигне. Дискусиите и споровите се одвиваат долго време - што е подобро решение - изолат или концентрат?


Иако секоја фракција се добива од истиот извор, што е сурутка, разликите во својствата се очигледни. Изолатите, за разлика од концентратите, се карактеризираат со побрза апсорпција, релативно повисока содржина на протеини во самиот протеин и често посложени аминограми. Во случај на суплементи базирани на концентрат, нивниот состав се карактеризира со поголем процент на шеќери и масти, што го објаснува поинтензивниот и послаткиоѕ вкус на производот. Тоа е една причината зошто WPC е поверојатно да биде изборот од помлади особи и почетници.


Ако одлучите да купите 100% Whey Protein Complex, ќе заборавите на овој проблем! Олимп се грижи за луѓето што се занимаваат со спорт и затоа подготви сензационална мешавина на двете погоре споменати фракции! Разновидната кинетика на варењето и апсорпцијата на хранливите материи ќе го олеснат ослободувањето на енергија на различни нивоа - изолатот брзо ќе ги надополни загубите за кратко време по тренингот, додека концентратот со малку побавна стапка континуирано ќе ги надомести можните недостатоци и ќе ги олесни последиците од интензивната физичка активност.


Состав од највисок квалитет на УЛТРА ФИЛТРИРАН ПРОТЕИН КОНЦЕНТРАТ ОД СУРУТКА (WPC) и ПРОТЕИН ИЗОЛАТ ОД СУРУТКА (WPI - CFM®) во инстант форма.

CFM* Изолатот и протеин концентратот од сурутка, кои се користени во составот на 100% Whey Protein Complex® имаат највисока хранлива вредност, а добиени се со напредни технолошки процеси со цел да ја задржат целосната структура и активноста на протеините.

Високата хранлива вредност на потеин изолатот и концентратот од сурутка се сметаат за највредни извори на протеини и додатоци во исхраната за спортисти со високи побарувачки на перформанси.

CFM* изолатот и протеин концентратот од сурутка придонесуваат за раст и одржување на мускулната маса.


*Cross-Flow Microfiltration - CFM - микрофилтрација со вкрстен проток - инстант форма


Микрофилтрацијата е процес на сепарација кој се користи за отстранување на поголемите честички, обично во опсег од 0,1 до 10 микрони. Филтрирањето со вкрстен проток се користи за да се постигне максимална микрофилтрација, со што се добива производ со највисок квалитет, мазна текстура, МАКСИМАЛНА АПСОРБЛИВОСТ и ИСКОРИСТЛИВОСТ од страна на телото.


Протеин изолат од сурутка е најчистата форма на протеин од сурутка. Изолација на сурутката, користејќи микрофилтрација со вкрстен проток е следниот чекор на обработка на концентрацијата. Таа има повисок процент на протеини во однос од концентратот од сурутка.

Изолатите од сурутка можат да придонесат и повеќе од 90 гр протеин на 100 грама од сурутка. Тоа е речиси без масти и без лактоза. Исто така изолатот од сурутка дава повисок процент на БЦАА, од кои половината се од есенцијалните амино киселини и се екстремно сварливи со добар вкус.


CMF е природен високотехнолошки процес на производство кој користи керамички филтри за отстранување на масти, лактоза и други несакани материи, со што се изолира протеинот. Протеините НЕ се подложени на хемикалии, затоа протеинот останува непроменет и во својата првобитна состојба, што води до дополнителни придобивки за корисникот.

  • Микрофилтрацијата со вкрстен проток поседува повеќе калциум и помалку натриум. Така да, жените и спортистите кои користат додатоци во исхраната за подобрување на ефикасноста и внесот на квалитетни протеини, можеби треба да размислат за овој производ поради очигледни причини.
  • Протеинот со вкрстен проток на микрофилтрација е важен за имунолошкиот систем и одржувањето на биолошката активност на некои протеини. Така да, спортистите кои се со ризик од прекумерен тренинг или бодибилдерите со интензивни тежински тренинзи ќе имаат голема корист од овој тип на протеин.
  • CFM изолатот од сурутка има највисоко ниво на недеденатуриран протеин (~99%)

Протеините со вкрстен проток на микрофилтрација се многу меки, со полесна текстура и боја за разлика од другите протеин изолати од сурутка, на кои текстурата им е погуста, потешка и потемна во некои случаеви.


Како дејствува Whey Protein Complex 100%?

Секој дел од додатокот на протеини не е само едноставен и лесен начин да се дополни секојдневната исхрана со потребното количество протеини. Молекулите на протеините се составени од амино киселини, соединенија кои природно се произведуваат во вашето тело, но во недоволни количини за да се добие саканиот протеоген ефект. Покрај тоа, некои амино киселини мора да бидат снабдени од надворешни извори, како што е комплексот BCAA. Ова се должи на фактот дека вашиот систем не може сам да ги синтетизира. За оваа цел можеме да користиме некои додатоци во исхраната, како што е 100% Whey Protein Complex.


100% Whey Protein Complex има навистина висока содржина на амино киселини. Како резултат на тоа, секоја доза на опишаниот протеински додаток не само што ја дополнува исхраната, туку ги интензивира и производните процеси на нови протеински молекули. Ова, пак, води кон постепено градење на мускулна маса.


Зошто да купите 100% Whey Protein Complex?
- Тој обезбедува големи количини на амино киселини и протеини
- Протеините придонесуваат за раст и одржување на мускулите
- Тој е идеален со разновидна диета и додаток на некои оброци
- Тој е лесен начин за брзо дополнување на диетата со потребното количество протеини

100% WHEY PROTEIN COMPLEX - специфичен дел од протеини во секоја доза
Една порција (35гр) содржи 26гр протеин со целосна вредност и богат профил на амино киселини (вклучувајќи го и разгранетиот ланец БЦАА амино киселини). Благодарение на ова, мускулите се совршено се хранат, што е исклучително важно при градење на фигурата на вашите соништа.

Една порција 100% WHEY PROTEIN COMPLEX исто така има мала количина калории - само 134! Покрај тоа, има и мала количина на шеќери и масти, затоа, додатокот на протеини во вашата исхрана на Olimp Sport Nutrition може успешно да се користи и од особи кои сакаат да ги намалат телесните масти.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Состав: 95% микс од протеини (ултрафилтриран протеин концентрат од сурутка (WPC)(од млеко), протеин изолат од сурутка (WPI - CFM®)(добиен од млеко)), ароми, масло од среден ланец на триглицериди (MCT масло), фруктоза, регулатори на киселост - јаболкова киселина, лимонска киселина (за сите вкусови како јагода), регулатори на киселост - натриум цитрати; згуснувачи - арапска гума, ксантин гума, натриум карбокси метил целулоза; засладувачи - ацесулфам К, сукралоза, цикламати; емулгатор - соја лецитин; сол (за сите чоколадо како вкусови), бои: кармин (за сите: јагода, цреша, јагода-киви и банана-цреша како вкусови), Е 150Ц (за сите: колачи крем, тврд карамел, чоколадо, кафе, сладолед кафе, лешник , тирамису и капучино како вкусови), рибофлавин, Е 133 (за сите вкусеви на фстак).


Препорачана употреба: Земете 1-3 порции дневно - пред појадок, помеѓу оброци, после тренинг или пред спиење. Додадете 1 сервирање (35 гр = 1 мерица) до 150 мл вода. Консумирајте го напитокот непосредно по подготовката.


Предупредување: Не се погодни за дијабетичари. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна и балансирана исхрана. Чувајте го подалеку од дофат на деца. Разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот се препорачува.

Пријавeте се за ПБЦ билтен

И добијте ги најновите информации, промоции и попусти.