-26%

Ultra Glutamine 500g

Производител: Body World Group
Код на продуктот: 7103
Достапност: На залиха

За оваа понуда следи доплата од 100ден за транспорт.

1.200,00ден 890,00ден
-+

Постави прашање за овој производ

Со Ultra Glutamine му давате на вашето тело токму она што му е потребно за синтеза на протеини, особено за време на фазата на зголемување или регенерација на чистата мускулна маса.
Ultra Glutamine е високо квалитетен глутамински производ во прав од кој можете да го подготвувате со вкусни шејкови или со вода секојдневно како додаток во исхраната.

Глутаминот е аминокиселина која природно се наоѓа во мускулите и има главен дел во масата на мускулните клетки и во производството на природен хормон за раст. Посебно е значаен после напорни и интензивни тренинзи кога организмот има најголема потреба од глутамин, односно има многу поголема потреба во однос на тоа колкаво количество на глутамин може самиот организам да создаде. Глутаминот се употребува тогаш за да се спречи разградување на мускулното ткиво како резултат на неговиот недостаток. Исто така делува и на намалување на воспалението на мускулите и ги стимулира мозочните клетки – подобрувајќи ги концентрацијата и паметењето.

Предности на ULTRA GLUTAMIN на прв поглед:
- Висок квалитет на Л-глутамин во прав (микронизиран), дополнително оптимизиран со витамин Б6
- HPLC сертифициран - Многу добра растворливост (ситно-грануларен) и со висока чистина
- Идеален за сите типови на спортови
- Без вештачки адитиви или нечистотии
- Премиум производ - Произведен во Германија

Најважна амино киселина за спортисти!
Л-глутаминот е најзастапна амино киселина во телото: таа претставува повеќе од 50% од сите слободни амино киселини. Најголемата концентрација на Л-глутамин се јавува во мускулните клетки. Ова ја објаснува зголемената потреба на спортистите за оваа извонредна амино киселина. Не е без причина зошто Л-глутаминот често се нарекува "амино киселина на мускулите". ULTRA GLUTAMIN е создаден со цел да се исполни побарувачката на брз и лесен начин за добивање на повеќе Л-глутамин. 

Како точно спортистите имаат корист од Л-глутамин?
Телото користи големи количини на Л-глутамин за време на интензивно вежбање и мускулни тонирања. Заменувањето на изгубениот глутамин му помага на телото да се регенерира. Глутаминот предизвикува зголемување на волуменот на клетките за време на физичкиот стрес. Ова зголемување на волуменот на клетките делува како анаболен сигнал и го зголемува создавањето на протеини и гликоген. Глутаминот дејствува не само како анаболен (градител на мускули) туку и како анти-катаболен, и го неутрализира обидот на телото да го оштети мускулното ткиво. Исто така ја подобрува способноста на телото на сличен начин да се регенерира додека спиеме. Во комбинација со интензивна програма за тренинг, Л-глутаминот, исто така, го олеснува значителното зголемување на перформансите, нуди широк спектар на придобивки за спортистите кои се ориентирани кон перформанси. 

Зголемување на раст на мускулите со стимулирање хормони за раст!
По 30-годишната возраст, нивото на хормонот на раст значитечно се намалува. Телото има тенденција да задржи повеќе масти наместо мускул. Л-глутаминот е многу корисен, бидејќи има способност да влијае на нивоата на хормонот за раст и синтезата на протеините. Истражувањата покажале дека само 2 грама глутамин може да го стимулира производството на човечки хормон за раст (HGH). Хормоните за раст се моќни алатки кои се исцрпени во телото како што старееме. Една од главните улоги во нашето тело е дека ја зголемуваат стапката на согоруваењ на мастите. Факторите на раст помагаат во зголемување на мускуното ткиво, а заедно со синтезата на протеините, тие се од суштинско значење за успешно градење на чистата мускулна маса. 

Глутаминот може да спречи претренираност!
Глутаминот во телото брзо се осиромашува кога мускулите се преоптоварени за време на интензивна програма за тренинг. Кога телото е преморено подолго време, тоа навлага во катаболна (дегенеративна) состојба која може да доведе до распаѓање на мускулите и другите ткива. Оваа нагласена состојба може дополнително да се влоши со повреди, инфекции, болести, глад и други штетни ситуации. Земањето додаток со Л-глутамин може брзо да го отстрани недостатокот што се јавува и да помогне да се спречи претераниот тренинг. Адекватната дневна доза на Л-глутамин ги задржува високите нивоа на глутамин и ви дава многу придобивки кои ги нуди Глутаминот. Важно е да се запамети дека нашите тела можат да почнат да градат мускулна маса само со соодветно снабдување со Л-глутамин. 

Глутаминот има главен удел во:
- Масата на мускулните клетки и во производството на природен хормон за раст
- Го инхибира катаболизмот после тренингот (посебно е значаен после напорни и интензивни тренинзи - го спречува разградувањето на мускулното ткиво)(анти-катаболичен ефект)
- Го смирува и намалува воспалението на мускулите
- Ја подобрува концентрацијата и паметењето
- Го промовира процесот на градење на мускулна маса
- Ги стимулира анаболните процеси на телото (ја забрзува регенерацијата)
- Ја зголемува јачината на клетките
- Ја подобрува синтезата на протеините
- Го зајакнува имунолошкиот систем

Совет:
ULTRA GLUTAMIN е многу популарен за спортови со висока издржливост и често се користи од страна на спортисти кои сакаат да го подобрат нивото на кондиција и издржливост. Кога ќе сфатите дека нашето тело метаболизира до 30 гр глутамин за време на интензивен тренинг, лесно може да се види зошто Л-глутаминот е важен додаток.

Производот не содржи генетски модифицирани суровини. Ова се однесува на сите употребени суровини.
Поради неутралниот вкус и отсуството на бои и адитиви, прашокот е идеален за мешање со други производи по ваш избор

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар
Состјки: ХЦПЛ Фармацевтски Л-глутамин, витамин Б6 (пиридоскин хидрохлорид)

Измешајте 1 лажичка (околу 5 гр.) со вода или со вашиот омилен напиток. Со неутрален вкус е. За оптимални резултати земете 1 порција после тренингот и 1 порција пред да си легнете.

Земете го во вистинско време:
Најдобро време за земање на глутамин е после околу 30 минути. 

Пријавeте се за ПБЦ билтен

И добијте ги најновите информации, промоции и попусти.