Услови на купување

Сите наши производи можете да ги купите директно од нашиот продажен центар, да ги нарачате преку нашата веб страна www.pbc.mk или да ги нарачате по телефон.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

pbc.mk ви овозможува да ја платите вашата нарачка со:

1. Онлајн купување е овозможено со платежните картички VISA, MasterCard и Maestro од било која банка во Р. Македонија
2. Во готово (при испораката на нарачката)
3. Вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство
4. Лично подигнување (плаќање во готово со директно подигање на нарачката од нашиот продажен салон)

1. Онлајн купување
Купувајте онлајн. Продавниците се отворени 24 часа, колку сакате разгледувате и споредувате, а можете да купувате од удобноста на вашиот дом, работа или во движење по најдостапни цени со VISA, MasterCard и Maestro дебитните и кредитните картици.. Цел свет го прави тоа. Зошто не и Вие?
Се што треба да направите е да зачлените на нашиот вебсајт за да можете да ги искористите сите придобивки за онлајн купување кои ги нуди нашата интернет страна. Внесете ги омилените производи во вашата кошничка и следете ги инструкциите за едноставиот начин за нарачување и плаќање.

По успешното завршување на вашата нарачка и/или наплата, за која ќе добиете автоматска потврда на вашата еmail адреса со која сте се регистрирале, во рок од 24 часа ќе бидете телефонски контактирани од нашата корисничка поддршка за детални информации и потврда на плаќањето и доставата на производот / производите.

2. Во готово (при испораката на нарачката)
Оваа опција ви овозможува да нарачате производ и при самата испорака на дадената адреса да го извршите плаќањето. Плаќањето при испорака на соодветната адреса се извршува исклучиво во готово. Во случај да примачот не е во состојба да ја прими пратката на наведената адресата, курирот е должен да остави известување за пратката.

3. Вирманско
Кога вашиот избор на плаќање е преку интернет банкарство, на вашата емаил адреса ќе добиете фактура со сите потребни информации за плаќањето, вклучувајќи го и бројот на сметката на која што треба да се уплати сумата од нарачката. Потоа можете да ја извршите уплатата преку интернет банкарството доделено од вашата банка или на редовниот начинот со уплатница во најблиската банка или пошта. По приемот на уплатата, ние ќе ви ги испратиме нарачаните производи на наведената адресата за испорака.

ЗАБЕЛЕШКА: Кога артиклите се платени со општа уплатница, истите ќе бидат испорачани кога уплатените средства ќе бидат прокнижени на нашата банковна сметка (според принципите на банките - по правило, наредниот работен ден), затоа ве молиме проверете го статусот на нарачката на телефонскиот број 078/820-222.

НАПОМЕНА: Уплатените пари не стигинуваат веднаш на нашата сметка. Доколку уплатите наутро парите ќе стигнат после 15:00 часот. Доколку многу ви се брза, ќе треба да наведете 1 во НАЧИН на уплатницата (банката зема провизија за ваков тип на уплати со НАЧИН1) или пак да ја пратите/прикажете скенирана/сликана уплатницата.

4. Лично подигнување
За платените нарачки ви нудиме и можност за лично подигнување во нашиот продажен салон кој се наоѓа на ул.Христо Смирненски бр.21 лок.2 во Скопје, кој е со работно време:

- Понеделник до Петок: 11:00 - 20:00 часот
- Сабота: 11:00-16:00 часот