Protein 90 2350g

Производител: Iron Maxx
Код на продуктот: ИМ08
Достапност: На залиха

Одличен избор за оние кои сакаат да заштедат, а истовремено да добијат високо квалитетен протеински извор.Protein 90 2350g - Се повеќе и повеќе атлети се препуштаат само на чист whey протеин како протеински извор после тренинг, а го забораваат бенефитот о

2.400,00ден
-+

Постави прашање за овој производ

Се повеќе и повеќе атлети се препуштаат само на чист whey протеин како протеински извор после тренинг, а го забораваат бенефитот од користењето на повеќе различни видови на протеини. Новиот Protein 90 е многу подобра алтернатива од вообичаениот whey протеин и се раствара одлично во вода. Животинскиот и растителниот извор на протеин создаваат одлична формула од аминокиселини која е посебно погодна за оние кои се занимаваат со тренинг во теретана. Тој рапидно се апсорбира, содржи 9 различни извори на протеин и има многу ниска содржина на масти, холестерол и лактоза. Protein 90 е одличен избор за секој спортски и фитнес ентузијаст.

3 во 1! Одлична цела; Неодолив вкус; Врвен квалитет!
Ново создадената формула која се раствара одлично во вода, обезбедувајќи одлична густина. Protein 90 нуди одличен вкус и ќе ви биде промена која ви е потребна после долгото користење на еден вид на протеин. Исто така, Protein 90 е одличен избор за оние кои сакаат да заштедат, а истовремено да добијат високо квалитетен протеински извор.

Protein 90 - одличен избор за протеински додаток
Интензивното тренирање и спортските активности значи дека вашите мускули имаат потреба за брз извор на есенцијалните нутритивни градбени блокови. Не секој протеин е прилагодлив за активна регенерација и градба на мускулна маса. Сега, конечно, новиот Protein 90 кој е брзо апсорбирачки, и е составен од 9 извори на протеин, пристигна на пазарот.
9 различни извори на протеини значат високо-квалитетен извор за оптимални резултати. Со конзумирањето на 1 протеински шејк после тренинг може да го спречите yo-yo ефектот и гладот, и да ви помогне да задржите мускулна маса кога намалувате телесни масти. Овој протеин има неверојатна густина и вкус, и е вистинско задоволство за користење. Тој се издвојува од другите протеински прашоци не само поради густината и вкусот, туку и поради одличниот сооднос на цена/квалитет, правејќи го Protein 90 одличен избор за секого!

Предноста на Protein 90
Предноста на протеините кои се раствараат во вода се од есенцијална важност, посебно за бодибилдери кои не сакаат да остават ништо на случајност. Мешањето на Protein 90 со вода резултира со помал калориски внес и помал внес на масти, и значително подобра апсорбција. Подготовката со вода е посебно корисна за протеинските прашоци, кои најчесто се конзумираат веднаш после тренинг или физичка активност - со цел да се внесат потребните нутритиенти кои се потребни за мускулите во најкраток можен рок. Подготовката со вода е посебно препорачлива кога потребата е најголема, затоа што млекото непотребно ќе ја успори апсорбцијата на протеинот. Истражувачкиот тим на IronMaxx® го зема ова во предвид, и фактот дека речиси сите останати протеински прашоци се создадени да се мешаат со млеко.

Protein 90 е идеален за:
- оние кои се занимаваат со тежински тренинг
- диета со низок калориски / јагленохидратен внес
- ниско калорична диета или диета без месо / риба

Предноста на Protein 90 споредбено со другите протеини
- непобедлив вкус
- ефективна подготовка во вода
- Брзо-апсорбирачки
- Одлична зделка! (сооднос цена/квалитет)
- Без подуеност и несакани ефекти врз стомакот
- Богат со есенцијални амино киселини ( BCAA & Glutamine)
- Ниска содржина на масти и јагленохидрати
- 9 различни одлични видови на протеин

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар
Состав: Мешавина од протеини (изолат на протеин од соја,концентрат на протеини од сурутка ( Млеко), изолат на протеин од сурутка (Млеко), хидролизат од протеин од сурутка (Млеко), казеин протеин (Млеко), изолат на протеин од грашок, протеин од јајце во прав, лупин протеин, протеин од ориз), безмасно какао во прав, ароматизери, чоколадо во прав,(чоколадна маса, шеќер), згуснувач(ксантин гума), засладувачи (ацесулфрам К, натриум цикламат, сахарин-натриум и сукралоза).
Начин на користење: Додадете 4 лажички Протеин 90 во прав (приближно 25гр) во 250мл вода и мешајте енергично во шејкер приближно 20 секунди. Препорачуваме да го пиете Протеин 90 во прав до четири пати дневно. Најдобро е да го употребувате пред интензивен тренинг или натпревар, веднаш после вежбање и пред спиење.

Не е препорачливо за деца и помлади особи. Храната со посебна нутритивна употреба не треба да се користат како замена на разнолика и балансирана исхрана. Препорачана е разнолика и балансирана диета како и здрав начин на живот. Наведената препорачана доза не смее да биде прекорачена. Чувајте го подалеку од дофат на мали деца.

Пријавeте се за ПБЦ билтен

И добијте ги најновите информации, промоции и попусти.