ПБЦ Лојалти

ПБЦ Лојалти Картичка Ви носи бројни погодности при купување во нашата продавница или преку интернет.

Со користење на ПБЦ Лојалти картичка имате можност да купувате одредени производи со "FAMILY" ПОПУСТ како и ПБЦ Пакети со неверојатни попусти.
Исто така ќе бидете во текот на најновите акции, новитети и други погодности.

Констатно се трудиме на нашите лојални купувачи да им понудиме најдобри цени и услови и поради таа причина за нашите ПБЦ "FAMILY" членови им овозможуваме различни попусти и промоции.

Ако до сега немате наша ПБЦ лојалти картичка, прво ќе треба да креирате профил на нашата веб страна.


Откако ќе го направите тоа, при самата нарачка ќе не известите дека се имате регистрирано, а за картичката имате дополнителни еднократни трошкови од 200 денари (плус 100 денари доколку нарачката треба да се достави). Картичката ќе ви биде АКТИВНА ЕДНА ТЕКОВНА КАЛЕНДАРСКА ГОДИНА, услов за да ги зачувате привелигиите и во наредната календарска година е да имате направено вкупно 5 пазарења кај нас (5 сметки или нарачки (ф-ри)) во текот на тековната календарска година. Доколку не го остварите условот за задржување на активноста, картичката ќе ви стане неактивна, а за секое нејзино ре-активирање се доплаќа.
Ако со првата нарачка, кога аплицирате за ПБЦ ЛОЈАЛТИ КАРТЦА, сакате да нарачате повеќе производи кои се на промоција, пакети, прозиводи на акција или чистење, следуваат дополнителни 100ден за секој производ кој е на промоција, пакет, производ на акција или чистење.
Во иднина се додека вашата ПБЦ ЛОЈАЛТИ КАРТИЦА е активна, нема да имате никакви дополнитлни трошкови за транспорт и можете да земете колку што сакате производи кои се на промоција, пакети, производи на акција или чистење  (со исклучок на понудите за кои веќе е одредена максималната количина која следува на една лојалти картица - за овие понуди ограничувањето е наведено во текстот на самиот пост на нашите социјални мрежи, а исто и на самиот линк на нашата веб страна).

Со таа добивате "FAMILY" ПОПУСТИ на одредени производи од нашата понуда, како и сите тековни и идни промоции.


Напомена: Картичката што ќе биде издадена на ваше име ќе можете само вие лично да ја користите при купувуање на наши производи со Привилегирани ВИП  "FAMILY" цени