ПБЦ СПОРТСКА МАСКА СО ФИЛТЕР

Производител: HARDCORE RULES
Код на продуктот: АМ
Достапност: На залиха

Спортска маска за заштита од издувните гасови, ПМ честички, бактерии, полен, мувла и други загадувачи во воздухот.

890,00ден 620,00ден
-+

Постави прашање за овој производ

ПБЦ СПОРТСКА МАСКА СО ФИЛТЕР ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХ
Маска со менлив филтер - со маската следува еден филтер
Достапна е во две големини: за Возрасни и за Деца.



Високо квалитетна маска за филтрирање ПМ честички, бактерии, полен, мувла и други загадувачи во воздухот. Оваа маска има среден слој од филтер со активен јаглен и уникатен начин на вдишување и издишување, низ вентил за да го олесни лесното дишење. Единствениот вентил за издишување се два кружни дискови на маската - (вентил за дишење во форма на рибени жабри)

Предности:
- Брз систем за вентилација на протокот на воздух
- Мрежно ткаена форма од ткаенина со која се прават нуркачки одела
- Два отвори за филтрација за низок отпор при дишење
- Лесно се вклопува и целосно се прилагодува
- Издржлива и лесно се одмива
- Обезбедува ефикасна заштита
- Ги филтрира издувните гасови, ПМ честички, бактерии, полен, мувла и други загадувачи во воздухот
- Повеќеслојна композитна полипропиленска филтрација за да обезбеди повеќекратна заштита при дишење

ПБЦ маската, обезбедува заштита од градското загадување и од непријатните мириси и прашина поврзани со загадувањето од издувните гасови на возилата. 
Има заоблен дизајн со што се обезбедува маската удобно да се прилепи на лицето. Произведена е од хипоалергенски неопрен. На самата маска се прицврстува сертифицираниот менлив филтер преку кој поминува и се прочистува надворешниот воздух со што се овозможува да вдишете чист воздух прочистен од штетните РМ 2,5 честички и има два вентила преку кои се поминува издишниот воздух.  

Загадувањето на воздухот e составено од таканаречените суспендирани честички кои многу често содржат канцерогени закачени полициклични ароматични јаглеводороди (PAH ang.), (бензо(а)пирен и нафтален). Смогот може исто така да содржи штетни гасови како сулфурни оксиди или азотни оксиди. 
ПМ 10 - честички помали од 10μm и ПМ 2,5 - честички помали од 2,5μm - Поради нивната мала големина, овие честички, а со нив и многу токсични PAHs, можат да поминат низ респираторниот систем сè до циркулаторниот систем.

Маската ги филтрира честичките во воздухот кои можат да направат голема разлика во вашата изложеност на загадување на воздухот. Таа ги филтрира честичките поголеми од 0,3 микрони, кои се многу помали од ПM 2.5 честичките. Препорачана е да се користи за заштита на респираторниот систем против вдишување на ПM10 и ПM 2.5 честичките поврзани со смог како и со канцерогени, полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs) кои често се прикачуваат на нив: бензо (а) пирен, нафтален - канцерогени и силно отровни супстанции.

Филтрацијата го штити нашиот респираторен систем па затоа е препорачливо да се користи маската дури и кога сме надвор за кратко време и во средина каде нoрмите за смог се надминати, посебно препорачлива кај луѓе подложни на астма, алергии и срцеви тегоби.

Наменета е за секојдневна употреба, особено за спортисти во урбани средини, за џогирање во поголемите градови или за мулти-спортски активни корисници, кај кои стапките на дишење обично се повисоки од просекот. Двата вентилa овозможуваат побрз проток на воздух кога се работи на зголемени стапки на дишење, односно при интензивно или забрзано дишење. Тоа е еднакво на помал притисок, помалку влага во филтерот и подобрена филтрација.
Исто така додека тренирате со маската, дотокот на кислород е помал. Помалиот процент на доток на кислород, кое за време на тренингот станува потешко да се наполнат белите дробови со воздух, е со цел да се зајакнат мускулите потребни за дишење, а со тоа се подобруваат перформансите и ефикасноста, кондицијата, капацитетот на белите дробови (се зајакнуваат дијфрагмата и меѓуребрените мускули) и работата на срцето.

Со носење на маската ќе се заштитите од:
- ПM 2.5 честичките
- Прашина
- Микроби (микроорганизам кој предизвикува болест)
- Полен
- Спори на мувла
- Алергени
- Бактерии
- Други загадувачи во воздухот



Маската може да се измие рачно да се обеси за да се исуши. Пред да ја натопите маската одстранете ги пластичните вентили и филтерот. Не ја ставајте во машина за перење или сушење.

ГОЛЕМИ ПМ10 - кои се помали од 10 микрометри.
МАЛИ ПМ2.5 - кои се помали од 2,5 микрометри (или околу 100 пати помали од човечкото влакно).



Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар


Пријавeте се за ПБЦ билтен

И добијте ги најновите информации, промоции и попусти.