-25%

Marine Kollagen 750ml

Производител: ENERGY BODY SYSTEMS
Код на продуктот: 4050
Достапност: На залиха

2.000,00ден 1.500,00ден
-+

Постави прашање за овој производ

Мarine Collagen® - морски колаген од риба кој е најдобар природен извор на Колаген тип 1
ЗГОЛЕМЕНА ЕЛАСТИЧНОСТ И ФЛЕКСИБИЛНОСТ НА КОЖАТА
НАМАЛУВАЊЕ НА ВИДЛИВОСТА НА БРЧКИТЕ
100% ПРИРОДЕН - ГЕРМАНСКИ КВАЛИТЕТ

Колагенот е најважниот протеин во нашиот организам и претставува најзастапен протеин во нашето тело.Колагенот се наоѓа во целото наше тело.. го има во нашата кожа, го образува сврзното ткиво и помага во одржување на здрави коски, зглобови и лигаменти. Нашиот организам има способност да синтетизира колаген по потреба, но таа способност со текот на годините постепено се намалува.
Негов недостиг може да предизвика голем број здравствени проблеми како што се: забрзано стареење на кожата, болки во зглобовите ,пропаѓање на сврзното ткиво, остеопороза, остеоартритис и слични пореметувања.
Со намалување на колагенот во нашата кожа се појавуваат и првите брчки на нашето лице Научните истражувања покажаа дека консумацијата на хидролизираниот колаген во текот на 8 седмици ја намалува видливоста на брчките за дури 20%,
Колагенот е најдобро да се внесува орално, бидејќи производите што се нанeсуваат во вид на крема не можат да продрат во кожата и да го спроведат колагенот онаму каде што е потребен. Покрај тоа се препорачува и внес на витамин Ц кој го поттикнува производството на колаген во нашиот организам.
Денес на пазарот е можно да се пронајдат два вида на колаген, најчесто говедски колаген и рибниот колаген. Кога ќе ги споредиме овие два типа, рибниот колаген речиси двапати подобро се апсорбира во крвта и претставува најдобра опција. Напитокот од колаген во течен облик е надобар за користење, бидејќи може да се разреди во вода или да се испие без разредување. Со минималната дневна доза на рибен колаген од 2,5гр може да се забележи разлика во првиот месец. Со подолготрајно користење може да се забележи поголемо подобрување во текстурата и квалитетот на кожата, а со текот на времето ќе се забележи промена и во косата и ноктите.

Пожелно е бремените жени и доилките, како и сите луѓе кои консумираат лекови за одредени здравствени состојби – да се советуваат со лекар пред консумирање на колагенски додаток во исхраната.

ВО СВОЕТО ПАКУВАЊЕ ДОАЃА СО МЕРНА ЧАШКА ЗА ПОЛЕСНО ДОЗИРАЊЕ. ИМА ПРИЈАТНА АРОМА НА ТРОПСКО ОВОШЈЕ МАНГО– МАРАКУЈА И Е ОДЛИЧНО ПОДНОСЛИВ ЗА ПИЕЊЕ. СЕ ЗЕМА КАКО ДОДАТОК НА ИСХРАНА ЗА ВОЗРАСНИ, ЕДНА МЕРНА ЧАШКА (25мл) ДНЕВНО, НА ПРАЗЕН ЖЕЛУДНИК, ПРЕПОРАЧЛИВО ПРЕД СПИЕЊЕ.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар
вода, 18.6% колаген хидролизар (риба), сок од манго (од концентрат од сок од манго), сок од портокал (од концентрат од сок од портокал), фруктоза, регулатор на киселост лимонска киселина, сок од страсно овошје (од концентрат од сок од страсно овошје), сок од ананас (од концентрат од сок од ананас), сок од праска (од концентрат од сок од праска), сок од банана (од концентрат од сок од банана), сок од лимета (од концентрат од сок од лимета), сок од папаја (од концентрат од сок од папаја), пире од манго, пире од банана, кокосово млеко, витамин Ц, биотин, конзерванси (калиум сорбат, натриум бензоат), згузнувач ксантин гума, ароми, засладувач сукралоза.
Без лактоза*.Без гглутен*.  *Лактоза <0.1гр / 100, **глутен <20мг/кг.

Како додаток во исхрана земете 1 сервирање = 25 мл (погледнете на мерното капачето) дневно.
Немојте да пиете директно од шишето. Убаво протресете пред употреба.

Не ја надминувајте препорачаната дневна доза. Овој производ нетреба да се користи како замена за разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот се препорачува. Чувајте го подалеку од дофат на мали деца.

Пријавeте се за ПБЦ билтен

И добијте ги најновите информации, промоции и попусти.