Glutamine XPLODE 500g

Производител: OLIMP SPORT NUTRITION
Код на продуктот: 3013
Достапност: На залиха

За сите физички активни поединци, 5.5 грама L-глутамин по порција. Со L-леуцин за уште подобра регенерација. Збогатен со витамини C и B.

1.790,00ден
-+

Постави прашање за овој производ

Крајно време е да дознаете како делува GLUTAMINE XPLODE со иновативниот VIT-A-MIN SuperCharge во 3 прекрасни вкусови - ананас, лимон и портокал!

НИКОГАШ НЕ СТЕ ПИЕЛЕ ТОЛКУ ВКУСЕН ГЛУТАМИН!

Ние одлучивме да ги задоволиме потребите на нашите клиенти и воведовме навистина иновативен производ создаден така што максимално ги лимитира мускулните повреди после физичкиот тренинг и ефективно ја стимулира регенерацијата на мускулите.
Врз основа на последните научни податоци во психологијата, биохемијата на метаболичките процеси и дополнувањето, како и огромното знаење на нашите научници и нивното долгогодишно искуство на ова поле може да се заклучи дека квалитетот и ефективноста на производот не се одредуваат преку квантитетот туку преку внимателно одбраните состојки.

Позитивните влијанија на глутаминот во телото

Зголемување на клеточниот волумен

Кога концентрацијата на глутаминот надвор од клетките е повисока од онаа во внатрешноста на клетките, глутамин однадвор влегува во клетката се додека концентрацијата внатре и надвор од клетките не се изедначат.

Притоа, заедно со глутамин, во клетките влегува и вода.

Последица на тоа е зголемување на клеточниот волумен, кој стимулира синтеза на нови протеини, што е неопходно за раст на мускулната маса.

Подобрување на функционирањето на имунолошкиот систем

Факторите на стрес, како што се траума, болест, интензивен тренинг и сл. Ја намалуваат концентрацијата на глутамин во телото.

Ниските нивоа на глутамин во телото се поврзани намален имунолошки одбранбен механизам, бидејќи глутаминот е храна за имунолошките клетки (лимфоцитите, макрофагите, неутрофили).

Ова особено се однесува кај претренирани спортисти, бидејќи кај нив мускулите исто така имаат зголемена потреба од глутамин, и затоа без глутамин прво останат имунолошките клетки.

Со внесување на глутамин како додаток, може значително да се намалат овие негативни ефекти.

Зголемување на производството на антиоксидансот глутатион

Глутатионот како антиоксиданс ги спречува негативните ефекти на слободните радикали врз клетките.

Поволна азотна рамнотежа

Позитивниот азотен баланс во мускулите создава поволна клима за раст на мускулите.

Неутрализација на киселата средина

Глутаминот помага во производството на бикарбонати кои ги неутрализираат киселите продукти на метаболизмот како резултат на интензивно вежбање (млечна киселина и амонијак).

Ова го спречува мускулниот замор и ни овозможува подолготраен тренинг.

Иако во сенка на креатин монохидратот, многумина ќе се согласат дека глутаминот на подолг рок има поголем потенцијал за унапредување на растот, силата и здравјето воопшто.

Креатинот докажано дејствува, но за разлика, глутаминот влијае на многу повеќе фронтови од креатин монохидратот.

Со оглед на горенаведените активности на глутаминот, јасно е дека не се работи само за една аминокиселина, и дека тој е многу повеќе отколку само градежен блок на протеините.

Сите сериозни спортисти, од бодибилдерите до маратонците, се повеќе го прифаќаат глутаминот како неопходен дел од нивнотосуплементирање.

Зошто глутаминот е толку важен и незаменлив во бодибилдингот?

Приказната на глутаминот е следната:

Глутаминот е директен регулатор при градење и разградување на протеините во мускулните клетки. Мускулното ткиво е главното место каде глутаминот се формира и складира.

Во текот на изминатите две децении, научниците открија дека секој стрес (траума, операција, изгореници, инфекции, глад, неисхранетост) и тежок физички напор води до ослободување на глутаминот од мускулите.

Губењето на глутамин од мускулите е пропорционално со стресот, така што во значителен стрес глутаминските резерви може да бидат значително намалени. Каде исчезнува глутаминот од мускулите?

Тој е транспортиран до ткивата каде што е потребен а тие не се во состојба сами да го синтетизираат (вклучувајќи ги и клетките на имунолошкиот систем и цревата).

Градењето на мускулната маса не е примарен приоритет на телото.

Хиерархиски, поважни се неговите функции кои овозможуваат преживување (како на пример, на имунолошкиот систем кој игра главна улога во процесот на регенерација на “оштетените” ткива после интензивен тренинг).

Кога глутаминот ќе ги напушти мускулите, проблемот не е само тоа што мускулите останале без градежни блокови кои треба да станат дел од новoизградените протеини во мускулите.

Штетата е уште поголема, бидејќи и разгранетиот синџир на амино киселини (BCAA) се помалку достапни за синтеза на протеини, бидејќи во овој случај мускулите ги користитат за синтеза на глутамин.

Освен тоа, кога имаме недостаток од глутамин во мускулите, тие дехидрираат, бидејќи глутаминот со себе ја повлекува и водата. Кога протеините во мускулите ќе останат без вода, тие почнуваат да се разградуваат (катаболизам!)

Освен антикатаболните и анаболните својства, глутаминот има и уште еден ефект што е од особено значење за спортистите, особено бодибилдерите.

Имено, глутаминот влијае на метаболизмот на јаглехидратите.

Една студија покажа дека при инфузија на глутамин се зголемува концентрацијата на глукоза во крвта. Притоа не дошло до промени ниту во концентрацијата на инсулин ниту пак во концентрацијата на глукагон, кои се главните хормони во регулирањето на шеќерот во крвта.

Ова сознание е од голема важност за време на диети кога внесувањето на јаглехидрати во исхраната е значително намалено.

Во такви ситуации, глутаминот кој го внесуваме од надвор, му обезбедувана мозокот и на целиот нервен систем нормално функционирање при недостатокот од јаглехидрати, што значи дека мускулната маса останува снабдена со глутамин (и таа е адекватно хидрирана), и на тој начин е заштитена од катаболизам.

Имајќи го сето ова во предвид, со цел да се максимизира закрепнувањето и растот, ние треба секогаш да ги одржуваме резервите на глутамин во мускулите на највисоко ниво.

Оттука може да се заклучи дека ова не е додаток кој треба да се користи периодично. А кога глутаминот се зема заедно со креатин монохидрат, нивните ефекти врз хидратација на клетките е уште поефикасна.

Теоретски преку исхраната ние може внесеме до 10 грама на глутамин дневно (најбогати извори се млеко, месо и некои ореви). Сепак, цревните ресички се многу алчен потрошувач на глутамин, така што многу мал дел од него доаѓа во мускулите.

За да може мускулите да бидат оптимално хидрирани, ние дневно треба да внесеме20-25г. глутамин, што значи дека неговата суплементација е задолжителна.

Исто така, со дополнителното консумирање на глутамин ние ја зголемуваме биолошката вредност на секој протеин кој сме го внеле со исхраната, затоа што во тој случај ги штедиме аминокиселините одовие протеини кои во нормални услови би сеикористиле за синтеза на глутамин.





Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Состојки: 55% Л-глутамин, 19% витамин А Суперчарџ, флавоноиди на цитрус, 0,2% ниацин, 0,1% натриум селенид, 0,03% витамин Б2- цијанокобалтамин-0,02% витамин Б6 ароми, регулатор на киселина- цитрична киселина, згуснувачи,натриум цитрат, засладувачи-ацесулфам К, Боја: рибофлавин(за вкус на лимон), бета-каротен(за вкус на портокал).


Додадете 1 порција (10гр. Прав 20 мерни единици= ½ од мала или супена лажица), во 200мл вода, еднаш дневно пред појадок или после тренинг или пред спиење. Да не се преминува препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна или балансирана исхрана. Предупредување: Може да се појави талог кој не влијае врз квалитетот и ефектот на производот.

Пакување и содржина:

пластично пакување содржи 0,5 кг од формулата.

Услови за чување:

Да се чува на суво и ладно место. Чувајте го подалеку од дофат на деца.

Пријавeте се за ПБЦ билтен

И добијте ги најновите информации, промоции и попусти.