Информации за достава

1. Лично подигнување на нарачката

Платените нарачки можете лично да ги превземете директно од нашиот продажен салон кој се наоѓа на ул.Христо Смирненски бр.21 лок.2 во Скопје, кој е со работно време:
- Понеделник до Петок: 10:00 - 20:00 часот
- Сабота: 10:00-17:00 часот

  1. При лично подигнување на артиклите кои ги имате предходно нарачано, ве молиме прво да проверете дали артиклите се подготвени за преземање на телефонскиот број 078/820-222.
  2. Кога лично се подигнуваат артиклите од нашиот продажен салон ве молиме да понесете копија од фактурата која е пратена на вашата email адреса, како и општата уплатница или доказ за уплатата на истата.
  3. При подигнување на артиклите од нашиот продажен салон немате никакви дополнителни трошоци за испорака.
  4. Може да дојде до промена на работното време. Точниот распоред можете да го погледнете на нашата facebook страница или да се информирате на еден од телефонските броеви на следниов линк: СОВЕТИ И ПОДДРШКА

2. Достава на адреса или подигање од пошта

Моментално имаме соработка со КАРГО ЕКСПРЕС, кој врши достава низ целата територија на Македонија.
  1. Во моментот имаме бесплатна испорака за нарачки над 1500ден.
  2. За сите нарачки на кои сумата им е помала од 1500ден, цената за испорака е 100ден. Цената е еднократна независно дали нарачката вклучува еден или повеќе производи.
  3. Доставната служба ја испорачува секоја пратка во рок од 1 до 3 работни дена на целата територија на Р. Македонија, до секоја адреса и населено место (во зависност од тоа дали испорачувачот има услуга за испорака на адреса).
  4. Во недела и државни празници доставната служба не испорачува.
  5. За ПБЦ пакети секогаш следува дополнителен трошок од 100ден за транспорт од пакет.

3. Други информации околу испораката

Производите се секогаш безбедно спакувани, така што при транспортот немаат можност да бидат оштететни. Нарачателот е должен при приемот на пратката детално да ја провери и да воочи дали има некакви видливи оштетувања. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци веднаш да се пријави на лицето кое ја доставува пратката.
Сите пратки се осигурани од губење и оштетување при испорака до секоја адреса. При превземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише и испратницата од доставувачот и да задржи еден од примероците за себе како потврда за превземањето.

За сите други информации контактирајте не на телефонскиот број 078/820-222 или преку email info@pbc.mk 
Доколку ви се потребни информации за статусот на пратката и терминот за нејзиното доставување, можете да ги контактирате директно и доставните служби КАРГО ЕКСПРЕС на 047 220 350 или 070 307 883.

4. Враќање на нарачка и/или промена на производ/и

Можна е замена на еден или повеќе производи кои сте ги нарачале. Се додека нарачката која ја имате направено не е пратена, може да се направи промена на истата, во случај да нарачката која веќе ја имате направено е пратена, неможе да се направи промени на истата.

Во сличај ако сте ја подигнале нарачката, а сакате да промените производ тогаш:
  1. Можна е замена за производ/и при што трошокот за транспортот за промена го плаќа купецот
  2. Ако е пратен погрешен производ од наша страна, промената на производот е на наш трошок
  3. Промена на производи кои биле на промоција, акција, пакети или производи на чистење, може да се направи само во периодот додека истите понуди важат, доколку истите понуди се завршени не е можна никаква замена, промена или дополна.
  4. Доколку нарачката која сте ја направиле, била пратена од наша страна и вие не сте ја подигнале, истата нарачка се враќа, а со следната нарачка вие ќе имате дополнителни 200ден за транспорт за вратената нарачка, а нарачката која сакате да ја направите ќе мора истата да ја направите и платите преку нашата веб страна или вирмалски  (во банка).