HMB Xplode 250g

Производител: OLIMP SPORT NUTRITION
Код на продуктот: 3176
Достапност: На залиха

1.450,00ден
-+

Постави прашање за овој производ

Eксплозивна мускулна напумпаност, раст и регенерација - Без кофеин - Без стимуланси
HMB додаток во исхраната кој мора да го користите доколку сакате максимални резултати во вашите тренинзи

ПРВ И ЕДИНСТВЕН ВАКОВ ПРОИЗВОД НА НАШИОТ ПАЗАР - Апсолутна новина во изборот на производи за пред тренинг.

Olimp HMB Xplode е најновото и одлично решение за луѓе кои од различни причини не користат додатоци пред тренинг врз основа на кофеин или други стимуланси.
Неговиот состав вклучува најдобри форми на ценети и добро истражувани состојки во однос на ефективноста и безбедноста на аминокиселините како што се HMB (β-хидрокси-β-метилбутират) и Creatine Monohydrate, дополнително збогатен со магнезиум и витамин Б6, кои придонесуваат за:
- Раст на чистата мускулна маса
- Максимално снабдување со крв
- Зголемена сила и издржливост
- Зголемен фокус и концентрација
- Позитивно влијание врз синтезата и складирањето на мускулните протеини и (стимулира анаболни ензими кои произведуваат протеини)
- Забрзување на процесон на закрепнување и регенерацијата на мускулите
- Намалувањето на масното ткиво
- Нормален енергетски метаболизам
- Намален замор и изцрпеност по напорниот тренинг

HMB (бета-хидрокси-бета-метилбутират) е биоактивна хранлива состојка од групата на разгранети масни киселини со краток ланец и е една од најдобрите состојки на пазарот за раст на мускулната маса
Таа влијае врз активноста на рецепторите за масни киселини, стимулирајќи ја синтезата на црвените мускулни влакна и производството на протеини при транспортот и согорувањето на масните киселини исто така помага и во стимулирање на тестостеронот

HMB или бета-хидрокси-бета-метилбутират, е еден од најистражуваните и најтестирани суплименти.
HMB во основа е метаболит на амино киселината Леуцин. Многу научни студии покажале дека леуцинот е најмоќната аминокиселина за поттикнување на синтеза на протеини во мускулите. Пред неколку години, група научници од универзитетот во Ајова ги проучувале леуцинските патеки и заклучиле дека тоа всушност му го должи на својот метаболит, ХМБ. Досега, неколку студии, вклучително и оние кај животните, покажале дека ХМБ има многу моќни ефекти врз производството на протеини.
HMB има многу посилен анти-катаболен ефект од самиот ЛЕУЦИН, но во процесот на оксидација на леуцин, само 5% се претвора во HMB.

Од друга страна, HMB „сам“ не е толку моќен како „анаболен агент“!
Се покажало дека ХМБ со комбинација на креатин, магнезиум и витамин Б6 имаат идеален синергистички ефект во однос на зголемување на мускулната маса и јачина, како и максимално брзо закрепнување на мускулното ткиво од напорно тренирање.
Убаво е да се знае дека 1-3 гр HMB е еквивалентно на доза од 20-60 гр ЛЕУЦИН.
HMB примарно се синтетизира во џигерот и мускулите. Во просек човечкото тело продуцира 500 мг. HMB дневно. Тоа не е многу. За да внесете 1,5 грама HMB дневно (што е препорачлива дневна доза ) ќе мора да изедете повеќе од 1 кг. црвено месо за да добиете 1,5 гр. HMB.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар
калциум ß-хидрокси-ß-метилбутрат, микронизиран кретин монохидрат, ароми, регулатор на киселост – лимонска киселина; малтодекстрини, магнезиум оксид – магнезиум, агенс против стврднување – силикон диоксид; засладувачи – ацесулфам К, сукралоза; пиридоксин хидрохлорид – витамин Б6, бои: каротеини (А), кармини (Б), Е150д (Е), Е133 (Ф), цвекло црвена (М), тартазин (О), Алура црвена АЦ(П), бакарни комплекси од хлорофили и хлорофилини (Р), ликопен (С), лутеин (Т). (А) – (З) Зависи од вкусот на производот за користени состојки погледнете ги симболите (А-З) покрај датата за минимална трајност (најдобро пред). Тартазин, Алура АД црвена: може да имаат несакан ефект врз вниманието и активноста кај децата.


Како додаток во исхрана земете едно сервирање (5гр од правта) – дневно пред оброк или тренинг. Додадете едно сервирање  (5гр од правта = ½ мерица) во 150мл вода. Консумирајте го веднаш по подготовката. Не ја прекорачувајте препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна и балансирана исхрана. Се препорачува разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Чувајте го подалеку од дофат на деца. 

Предупредување: не е наменет за деца, бремени жени или доилки. Може да се појави седементација која не делува на квалитето и ефектот на производот. Во пакувањето има апсорбер на влага, кој треба да го оставите во паковањето – немојте да го конзумирате.

Пријавeте се за ПБЦ билтен

И добијте ги најновите информации, промоции и попусти.