Gold Glucosamine 1000 120caps

Производител: OLIMP SPORT NUTRITION
Код на продуктот: 3102
Достапност: На залиха

Го намалува триењето во зглобовите.По извршена операциja и по повреда. Збогатен со витамин Ц. За спортисти и постарите лица.

900,00ден
-+

Постави прашање за овој производ

GOLD GLUCOSAMINE 1000 е производ кој содржи глукозамин сулфат и витамин Ц, состојки кои се неопходни за нормална структура на зглобната 'рскавица. Досегашни студии докажале дека глукозаминот во телото на човекот е супстрат неопходен за биосинтезата на протеогликаните кои градат и ја одржуваат зглобната 'рскавица.

Телото го произведува глукозаминот и тој примарно се наоѓа во ’рскавицата на зглобовите и игра клучна улога во нивната изградба. Сепак, уште во средната возраст, организмот почнува да не произведува доволно глукозамин, а и зглобовите стареат побрзо од другите делови на телото, а тоа доведува до појава на болки, отоци и вкочанување на зглобовите. Оттука, неопходно е глукозаминот да се внесува во телото преку додатоци во исхраната. Се смета дека само на тој начин, може да се зачува интегритетот на зглобовите и да се подобри состојбата на оштетената ’рскавица.

Бројните истражувањата покажуваат дека глукозамин сулфатот што е еден од основните суплементи, го стимулира развојот на новата генерација на ’ркавицата на тој начин што ги активира клетките за нејзино производство, познати под името кондроцити. За глукозаминот се вели и дека игра улога во создавањето на ноктите, тетивите, лигаментите и дишниот тракт.
Аминокиселината глутамин од која е составен глукозаминот, ја има доволно во прехранбените производи, но, таа се губи со варењето на храната и оттаму, многу често е дефицитарна кај луѓето кои не јадат сирова храна. Недостатокот на глутамин пак, доведува до недоволна синтеза на глукозамин и оттука доаѓаат проблемите со врзивните ткива и зглобовите.

За што се употребува глукозаминот?
- Остеоартритис
- Дегенеративни заболувања кај зглобовите
- Артритис на колената, лактите, рамениците или колкот
- Заболување на зглобовите на долната вилица

Седечкиот начин на живеење, прекумерната телесна тежина, лошото држење на телото, разни видови спортувања и рекреација кои ги оптоваруваат зглобовите, се главни причини за нивно оштетување. За жал, додека се здрави и ни обезбедуваат безболно движење не им обрнуваме внимание. Меѓутоа, потврдено е дека ако не ги храниме адекватно и ако не ги чуваме како што треба, со текот на времето, порано или подоцна, ќе се појават знаци кои јасно ќе укажат на трошењето на зглобовите - болки во движењето, отоци и затегнатост на мускулите.

Глукозаминот придонесува ’рскавицата да се формира и обновува. Глукозамин сулфатот го стимулира вградувањето на сулфур во ’рскавицата и синовијалната течност. Сулфатот се користи во изградбата на глукозаминогликаните кои ја поттикнуваат флексибилноста на зглобовите и овозможуваат поцврст зафат помеѓу коските и зглобовите. Со настанувањето на глукозамингликаните се зголемува еластичноста на зглобовите, а тоа е многу важно кај старите луѓе.

Витаминот Ц активно учествува во биохемиските процеси кои се случуваат во телото и е од суштинско значење за биосинтезата на колаген - сврзното ткиво во 'рскавицата, лигаментите, тетивите и коските, во обезбедување на нивна отпорност од нарушување и дистензија и зголемување на еластичноста. Клиничките испитувања покажале дека глукозаминот е ефикасна и безбедна алтернатива на стандардните лекови и може да се користи, без никакви несакани ефекти, со цел да се намалат и спречат симптомите на дегенеративни заболувања на зглобовите.


Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар
Состав: 96% глукозамин сулфат 2KЦЛ (од ракови), 3% Л-аскорбинска киселина - витамин Ц, агенс за зголемување - целулоза микрокристалин, агенс против стврднување - магнезиум стеарат, капсула (желатин, боја: Е 171).
Предупредување: Содржи состојки добиени од ракови.
Начин на употреба: Како додаток во исхраната, се зема 1-2 таблети дневно со вода и храна.
Да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатокот во исхрана не треба да се користи како замена за разновидна избалансирана исхрана. Да се чува подалеку од дофат на деца.
Глукозаминот како суплемент се добива од хитин, кој е природен полимер кој го создава околопот на морските ракови, краби, јастози... Луѓето кои се алергични на ракови, полжави, школки треба да го избегнуваат глукозаминот кој е пречистен и тоа поради остранување на протеините од школките и раковите.

Кога не смее да се користи гликозамин?
Луѓето кои се алергични на ракови, полжави, школки треба да го избегнуваат глукозаминот кој има потекло од животни со оклоп, бидејќи може да развијат алергија. Кај некои луѓе глукозаминот може да доведе до зголемување на гликоза во крвта и затоа, дијабетичарите треба да бидат посебно внимателни.

Несакани последици
Глукозамин сулфатот претежно добро се поднесува, но може да се јават и некои несакани дејства во желудникот, диспепсија и мачнина. Ретко се јавува вртоглавица, главоболка и кожни реакции и тоа претежно кај пациенти кои имаат активен чир во желудникот.

Пријавeте се за ПБЦ билтен

И добијте ги најновите информации, промоции и попусти.