-48%

Amino EAAnabol XPLODE 520g

Производител: OLIMP SPORT NUTRITION
Код на продуктот: 3002
Достапност: На залиха

РОКОТ НА ПРОИЗВОДОТ Е ДО 08.2020год..За оваа понуда имате доплата од 100ден за транспорт.

1.890,00ден 990,00ден
-+

Постави прашање за овој производ


EAAnabol XPLODE E СИНЕРГИЈА ОД ЕФЕКТОТ ОД EAA, ДОПОЛНИТЕЛНИ БЦАА, Л-ГЛУТАМИН И Л-АЛАНИН !

Одличен аминокиселински производ базиран искличиво на слободни, фармацевтски чисти форми на амино киселини !

Составот на AMINO EAAnabol Xplode е главно базиран на егзогени амино киселини (EAA; Л-леуцин, Л-лизин, Л-валин, Л-изолеуцин, Л-треонин, Л-фенилаланин + Л-тирозин, Л-хистидин, Л-цистин + Л-метионин, Л-триптофан), кои, поради фактот дека човечкото тело не може само да ги создаде, треба целосно да се внесат како храна или во форма на додаток на храната.

Ако било која од овие есенцијални состојки недостасува, таа станува фактор кој ја ограничува синтезата на протеинот во телото и на тој начин го попречува процесот на регенерација на мускулите, го интензивира катаболизмот и има негативно влијание врз голем број метаболички патеки, во кои што егзогените аминокиселини се користат како директни или индиректни супстрати.

Взаемната релација на индивидуалните амино киселини во AMINO EAAnabol Xplode е одбрана врз база на барањата на EAA одредени со метод на стапка базиран на просечните дневни потреби на групата (Просечни Побарувања) од експерти од WHO/FAO/UNU усвоени во извештајот на WHO/FAO/UNU објавен на крајот на 2007 година. Сепак, земајќи ги во предвид индивидуалните потреби на спортистите производот дополнително беше збогатен со аминокиселини од разгранетиот синџир (БЦАА), со силен анти катаболички и анаболички ефект во мускулното ткиво.




Дополната со AMINO EAAnabol Xplode исто така е неопходна и за луѓето што вежбаат, бидејќи игра важна улога во процесот на регенерација со амино киселините Л-глутамин и Л-аланин после вежбањето.

Л-глутаминот претставува складиште за азот во клетките и многу ефикасно ги пренесува амино групите кои што се употребуваат во тек на процесот на ослободување на телото од киселини после вежбањето. Л-аланинот, во прилиг на своето учество во обновата на протеинските структури на телото, е дел од циклусот на трансформации во процесот на глукогенеза, дополнително зголемувајќи ја стапката на обновување на енергетските извори на телото со обновување на базата на гликогенот на мускулите - црниот дроб.

Употребата на слободните форми на амино киселините во производот значително ја зголемува стапката на нивната апсорпција во крвта, додека во исто време го скратува на минимум времето од консумирање до негово апсорбирање и делување. Овој процес е олеснет од примената на прашкастата форма на производото возможувајќи подготовка на лесно апсорбирачки, вкусен пијалак.

Збогатувањето на AMINO EAAnabol Xplode со витамини од групата Б значително ја подобрува цревната апсорпција на амино киселинските компоненти на производот, независно од гореспоменатите техники, и обезбедува соодветна стапка на метаболички процеси во телото.




За кого се препорачува AMINO EAAnabol Xplode?

Производот главно се препорачува за сите спортисти, за време на периодот на тренирање, со цел да се зголеми концентрацијата на амино киселини потребни за да се одржи соодветната стапка на регенерација на мускулното ткиво. Некои амино киселини кои што ги има во овој производ, чие што ниво е дополнително зголемено (БЦАА) имаат силна анти-катаболичка акција зголемувајќи го анаболниот ефект. Поради оваа причина луѓето кои што професионално или аматерски тренираат дисциплини со голема побарувачка на сила и издржливост, градењето на нивното мускулно ткиво, атлети и претставници на боречките спортови, треба да употребуваат AMINO EAAnabol Xplode со цел што побрзо да ги надополнат потребните амино киселини.

Овој производ исто така се препорачува и за луѓе кои се на исхрана за слабеење или друга исхрана поврзана со ризикот од дефицит на амино киселини потребни за здравјето.

Овој производ е одличен додаток на исхраната кај луѓето кои закрепнуваат од нешто и сите индивидуи чие тело има потреба од протеини во нивната брза и лесно апсорбирачка форма.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Состав: 62,5% амино киселини [Л-леуцин, Л-лизин ХЦЛ, Л-Валин, Л-изолеуцин, Л-треонин, Л-фенилаланин, Л-метионин], регулатори на киселост - лимонска киселина, натриум цитрати, јаболкова киселина ; 12,5% протеин од сурутка хидролизат (од млеко), ароми, агенс против стврднување - силициум диоксид; засладувачи - ацесулфам К, сукралоза, цикламати (З); бои: каротини (A), кармини (Б), рибофлавини (Ц), E 150Ц (Г), Д 150Д (Е), E 133 (Ф), патент сина В(Г), индиго кармин (H), хлорофил и хлорофилин (И), куркуминот (Ј), антоцијани (К), екстракт од пиперка (Л), бетанин (М), растителен јаглерод (Н). (A) - (З) - Во зависност од вкусот на производот за состојки кои се користат да се видат симболите (А-З), покрај за рокот на траење (најдобро пред тоа).

Алергени информации: Производот може да содржи траги од соја.


Препорачана употреба: Земајте 1 порција два пати дневно - (пред оброк или тренинг или по тренинг) или 1 порција еднаш на ден како додаток. Додадете 1 порција (13 гр прав – 1 мерица) во 150 мл вода. Консумирајте го веднаш по подготовка.


Предупредување: овој производ не се препорачува за бремени жени и доилки.

Не ја надминувајте препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна и балансирана исхрана. Чувајте го подалеку од дофат на деца. Се препорачува разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот.


Може да дојде до седиментација, што не влијае на квалитетот и ефикасноста на производот.

Пријавeте се за ПБЦ билтен

И добијте ги најновите информации, промоции и попусти.