-25%

CITRULLINE MALATE 3000™

Производител: EVERBUILD NUTRITION
Код на продуктот: ЕБ03
Достапност: На залиха

Ја подобрува синтезата на протеините, поголема васкуларност и го подобрува протокот на крвта. ОВАА ЦЕНА Е ДОСТАПЕН САМО СО НАША АКТИВНА ЛОЈАЛТИ КАРТИЦА !!! При нарачка пишете го бројот од вашата лојалти картица.

1.270,00ден 950,00ден
-+

Постави прашање за овој производ


Citruline Malate е висококвалитетен додаток во исхраната за професионални бодибилдери и почетници. Се базира на силна аминокиселинска хранлива состојка - цитрулин малат од фармацевтски квалитет, кој обезбедува правилен развој на мускулите, нивна целосна исхрана и продолжен анаболизам. Го зајакнува одбрамбениот механизам на телото, овозможувајќи ефикасно справување со вирусите и инфекциите.

Ја подобрува циркулацијата на крвта и ја регулира рамнотежата на водата во телото. Го олеснува закрепнувањето на телото по врвен физички напор. Ја намалува количината на млечна киселина во телото и ја намалува болката по интензивниот тренинг. Помага да се организира ефикасен процес на тренинг и да се изгради мускулно релјефно тело, го нормализира производство на уреа, го заштитува мускулниот протеин од пропаѓање, го намалува нивото на амонијак во телото и позитивно влијае на косата и кожата.

L-Citrulin е амино киселина за која е констатирано дека игра важна улога во метаболизмот и регулацијата на азотен оксид (НО). L-Citrulin во телото се претвора во L-arginin, што доведува до зголемување на L-arginin исто како и азотниот оксид . Зголеменото производство на азотен оксид ја стимулира васкуларната дилатација , која ја поддржува нормалната циркулација на кислородот и крвта во телото.

Претседателот на Американската асоцијација за кардиолозите во 1998 година изјави дека азотен оксид е едно од најважните откритија на кардиоваскуларната медицина. Азотниот оксид (NO) помага во контрола на крвниот притисок, го подобрува протокот на крвта во срцето, мозокот, мускулите и останатите делови од телото. Азотниот оксид (NO) е вмешан во делување на имунолошкиот систем, во респираторниот, сексуалниот и менталниот капацитет, во контролата на крвниот притисок и многу повеќе.

Ако не јадеме доволно зеленчук, и секојдневно се соочуваме со стрес, поминуваме многу време на работа и јадеме храна со многу шеќер, имаме прекумерна телесна тежина, постари сме и имаме висок крвен притисок, веројатно количината на NO во нашето тело е намалена. Ниските нивоа на NO во телото може да предизвикаат конфузија, заборавеност и недостаток на фокус, висок крвен притисок, неоптимална регенерација на мускулите, намален сексуален капацитет и уште би можеле да набројуваме.

Клиничките студии покажале дека здраво ниво на NO во телото кај многу влијае да се намали чувството на замор и да се зголеми емоционалните смиреност и поголем фокус. Ако се погрижиме за соодветно ниво на азотен оксид во телото, ќе постигнеме подобра циркулација на крвта во телото, како и снабдување на клетките со потребните материи, и ефикасно ослободување на токсините. Мускули брзо се регенерираат, него кога вредноста е NO ниска. Затоа е логично да се чувствувате подобро.

Да ремизираме:

L-Citrulline се користи за подобри спортски перформанси и за подобрување на кардиоваскуларниот систем. Врзувањето на цитрулин амино киселината со молекула на јаболкова киселина создава синергетски состав кој носи побрза и подобра апсорпција на протеините. L-Citrulline малатното дополнување резултира со намален замор и подобрена издржливост за аеробни и анаеробни пролонгирани вежби. Исто така се користи за ублажување на еректилната дисфункција предизвикана од стеснување на крвниот притисок и крвните садови поради својствата на азотниот оксид.

Дополнувањето со L-Citrulline Мalate е безбедно дури и во високи дози кои се корисни за секој спортист за пред, за време или по тренингот.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Состав: L-Citrulline malate

Предложена употреба : 1 порција пред тренинг.

Една порција: 1/2 мерна лажичка 

Пријавeте се за ПБЦ билтен

И добијте ги најновите информации, промоции и попусти.