BCAA MEGA CAPS 1100 30caps

Производител: OLIMP SPORT NUTRITION
Код на продуктот: 3032
Достапност: На залиха

Огромна доза на фармацевтски амино киселини БЦАА (Л-леуцин, Л-изолеуцин и Л-валин) со сооднос 2:1:1, збогатени со витамин Б6.

200,00ден
-+

Постави прашање за овој производ


МОЌНА ДОЗА ОД РАЗГРАНЕТИОТ СИНЏИР НА АМИНО КИСЕЛИНИ !

BCAA MEGA CAPS® / MEGA CAPSULES® - 1100 мг БЦАА во 1 капсула !!!


Секоја капсула од BCAA MEGA CAPS® / MEGA CAPSULES® содржи повеќе од два пати повеќе БЦАА од некои од производите на нашите конкуренти! Проверете го сами!

BCAA MEGA CAPS® / MEGA CAPSULES® - високо концентриран состав на кристално фармацевтски разгранет синџир на амино киселини БЦАА (Л-леуцин, Л-изолеуцин и Л-валин) со сооднос 2:1:1, дополнително збогатен со витамин Б6, кој ги намалува исцрпеноста и заморот.

БЦАА - исто како и витамините - се егзогени супстанции. Ова значи дека тие мора да бидат доставени преку храна.

БЦАА е разгранет синџир на амино киселини со разгранет алифатичен страничен ланец. Во групата на протеини амино киселини тие се: леуцин, изолеуцин и валин. Тие претставуваат во просек од 40% од дневниот внес на протеини. Едни од најпопуларните амино киселини за спортистите во повеќето дисциплини.

Л-леуцин е главен претходник во синтезата на мускулниот протеин по исцрпувачките тренинзи. Како што е познато, неговиот ефект е засилен со додавање на други разгранети амино киселини како што се Л-валин и Л-изолеуцин, така што нивната синергија многу посилно ја стимулира mTOR патека на рибозомалните протеини, што пак го предизвикува процесот на регенерација и зголемување на чистата мускулна маса. За време на тренингот нивото на леуцин во крвта може да се намали и до 30%. Леуцинот, исто така, од суштинско значење за цуклусот аланин - гликоза, што во прилог на неговата градбена структура, исто така има и ергогени својства.

Истражувањата покажале дека и покрај додатокот на протеинот, во износ од 1,26гр /кг телесна тежина, во текот на еден долг тренажен процес, повторно доведува до намалување на нивото на леуцин во телото. Недостатокот на соодветна концентрација на амино киселини во плазмата и мускулни клетки може да доведе до зголемен катаболизам на мускулите, а во исто време телото може брзо да ги исцрпи своите резерви на мускулен гликоген. Така што процесот на регенерација е нарушен и помалку ефикасен.

БЦАА брзо навлегуваат во крвниот систем и потоа во мускулите каде што ја забрзуваат синтезата на протеините, и благотворно влијаат на регенерацијата и растот на мускулните влакна.

За време на долготрајниот физички напор тие можат да се трансформираат во аланин и потоа во глукоза во црниот дроб, каде што ќе служат како дополнителен извор на енергија и ќе ги штитат мускулните протеини од распаѓање. Високото ниво на БЦАА во крвта предизвикува намалено создавање на серонин во мозокот, што го намалува или одложува чувството на замор.

BCAA MEGA CAPS® / MEGA CAPSULES® СЕ ОГРОМНА ДОЗА НА ФАРМАЦЕВТСКИ АМИНО КИСЕЛИНИ ВО ЕДНА КАПСУЛА !!!

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Состојки: слободни амино киселини (43% Л-леуцин, 21,5% Л-валин, 21,5% Л-изолеуцин), емулгатор - соја лецитин, регулатор на киселост - лимонска киселина; згуснувач - ксантин гума; 0,02% витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид), капсула (желатин, боја: Е 171).

Препорачана употреба: Земете 1 порција (3 капсули) 3 пати на ден, пиејте ги со голема количина на вода - пред појадок, пред тренинг, после тренинг или пред спиење.


Да се чува подалеку од дофат на деца. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не треба да се користи како замена за разновидна и балансирана исхрана. Разновидна и бајалсирана исхрана и здрав начин на живот се препорачуваат.

Предупредување: Бремени или доилки не треба да го користите овој производ.

Пријавeте се за ПБЦ билтен

И добијте ги најновите информации, промоции и попусти.